Мисовски предизвика паника во собрание: Го донесе каменот со кој бил погоден на 27 април, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се разбегаа, седницата прекината!

0
1201

Пратеникот на НСДП, Горан Мисовски, на денешната расправа во Комисијата за мандатни имунитетни прашања, го донесе каменот со кој замавнале по него на 27 април, 2017 година.

На расправата се одлучува за имунитетот на Трајко Вељановски, а Мисовски го презентираше каменот како доказ за насилството што било овозможено да се одвива во Собранието на крвавиот четврток. Иако каменот стоеше пред него во текот на целата расправа, сепак по еден час на пратениците на ВМРО ДПМНЕ им текна да реагираат.

Тие во паника побараа тој да го тргне и обвинуваа дека Мисовски покажал кон нив. Поради тоа расправата беше прекината на десетина минути.

-Со овој камен сакаа да не убијат. Од тогаш го чувам во мојата канцеларија. Го донесов за да го види јавноста – рече Мисовски и додаде дека каменот за среќа паднал до него.

По паузата Комисијата ќе ја продолжи расправата за имунитетот на Трајко Вељаноски.