МИСОВСКИ: ВМРО ДПМНЕ СЕ ТОТАЛНО ДЕЗОРИЕНТИРАНИ, ВО МОМЕНТИТЕ КОГА НА НАРОДОТ МУ ТРЕБА ПОМОШ, ТИЕ ГО БЛОКИРААТ СОБРАНИЕТО И ПРАВАТ ПОЛИТИЧКО САМОУБИСТВО!

0
899

Силниот исчекор кој го направивме кон етаблирање на државата во западно-европските демократии, воведувањето на функционални институции и стандарди кои значат поквалитетен живот за граѓаните и возобновување на правдата, доведоа до тотална политичка дезориентираност на ВМРО-ДПМНЕ.

Актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, предводено од Мицковски, тендициозно и злонамерно се обидува да ја блокира работата на Собранието. Во моменти кога целото општество поминува низ овие тешки епидемиолошки состојби, кога над животот на граѓаните демне КОВИД-19, наместо да имаме целосно функционални и оперативни институции, ВМРО-ДПМНЕ прави обиди за блокада на Собранието.

Илјадниците амандмани кои ги поднесоа за измените на собранискиот Деловник, по кој знае кој пат, ја разобличуваат деструктивната политика која ВМРО-ДПМНЕ ја има во однос на националните интереси и институции. Политички аматеризам и дилетантизам во услови на светска пандемија е кога својата дезориентираноста во политичкиот простор се обидуваш да ја замаглиш со блокирање на институции.

Воведувањето на можноста за онлајн учество и гласање на пратеници кои се заразени со корона вирусот или се во изолација заради контакт со заболен, само ќе значи дополнителен демократски квалитет во работата на оваа централна институција на држвата.