Мирчески во Виница: Мерките од програмата на СДСМ се за сигурна иднина за младите

0
1093

Претседателот на комисијата за животна средина и просторно планирање на СДСМ, Пеце Мирчески, придружуван од членот на Извршниот одбор на СДСМ Виктор Петрушевски беше помеѓу жителите од населените места во општина Виница.

На средбите се разговараше за проблемите со коишто се соочуваат граѓаните, за актуелната политичка состојба и за мерките од програмата на СДСМ.

Тешко се живее, нема работа. Младите ја напуштаат Виница поради загрозена агзистенција и немање перспектива. Виница и околината стана зона на духови. Младите си заминаа, а локалните моќници од власта го упропастија овој крај. Во 21 век немаме чиста вода за пиење – се пожалија граѓаните, соопштуваат од СДСМ.

-Имаме ненародна, криминална власт која потроши 630 милиони евра на споменици и мисли само на личниот интерес. Институциите се партизирани и неефикасни, не работат во интерес на граѓаните. Тоа мора да се промени и во Македонија да се вратат вистинските вредности. СДСМ има програма и остварливи, реални цели. Институциите да се департизираат и да работат во интерес на граѓаните. Младите наместо да ја напуштаат земјата да добијат сигурна работа со поголема плата, рече Мирчески.

-Економскиот просперитет, иднината на младите, се највисоки цели на СДСМ. Ќе обезбедиме просечна плата од 29.000 денари и неповратни кредити од 10.000 евра замладите да можат да за почнат сопствен бизнис. СДСМ има план има програма за иднината на Македонија, додаде Мирчески.

ВМРО-ДПМНЕ со криминалото владеење ја оддалечи Македонија од патот кон ЕУ. СДСМ ќе се посвети на враќање на државата на вистинскиот, на европски пат, рече Мирчевски.