МИРКА СЕ ОСВЕСТИ : ИМ ВИКАВ НА МИЛЕНКО, НОНКОВИЌ И НА ДРУГИТЕ ОКОЛУ НИВ ДА НЕ ОДАТ ДА ПУШАТ ПУРИ, ДА ЈАДАТ И ПИЈАТ СО ПОЛИТИЧАРИ, НО ТИЕ ВЕЌЕ ДОБИЛЕ ЗАДАЧИ И НЕ МЕ ПОСЛУШАА

0
617
  • Во политичари не се заљубувам, ги посматрам како суштества или се корисни за Македонија или не се, тоа ми било мене заштита. Но околу тие политички кругови секогаш зуеле кобајаги пријатели и сум ги мислела пријатели кои уствари ја ровареле Македонија, сите сум ги шкртнала, безмилосно.

    Во моментот кога ќе ја видам целата слика како мозаик, дејствата кога ќе им ги видиш на политичарите на купче тебе јасно ти е дека тоа било, е тоа се тие љангари, еден мал процент што ги викаат петта колона. За сите играат, профит им е важен, статус им е важен, бизнис им е важен. Си ги забораваат своите предци и своите фамилии, е тоа се случи со Миленко и Бобан Нонковиќ.

    Добиле задачи, и тоа ги убедуваат за тоа дека ги праќаат и ги викаат, на кафе ги викаат на ручек ги викаат на кубански цигари ги викаат, на пијачки, и кога ќе почнеш да прифаќаш, јас како постара и поискусна сум им кажувала, кога политичар или амбасадор ќе те викне за џабе му е, без никаква причина на кафе на ручел на вечера никако да не прифаќаш, или ако прифатиш носи со себе секогаш сведок.

    Ако си во кафана, нема да дозволиш да ти купат кафе, а камоли вечера него ти ќе платиш за да бидеш домаќин да ја контролираш масата да видиш со кои намери те викнал.

Мирка за ,,Инфомакс”.