Министерство за Здравство : Утре Комисијата за заразни болести ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово

0
738
Почитувани,
Министерството за здравство информира дека, со оглед на развојот на ситуацијата со корона вирусот во соседството, Комисијата за заразни болести на утрешниот состанок ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји.
Комисијата за заразни болести активно ја следи епидемиолошката состојба со корона вирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија.
По состанокот на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство ќе информира за одлуките на комисијата.
Со почит,
Одделение за односи со јавноста
Министерство за здравство
www.zdravstvo.gov.mk