МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ СЛЕДНИТЕ ДВА ДЕНА ВО ПОСЕТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО ЖЕНЕВА КАДЕ ЌЕ ИМА И СВОЕ ОБРАЌАЊЕ

0
435

Во текот на следните два дена (10-11.10.2022) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе учествува со свое обраќање на 73.редовна Сесија на Извршниот комитет на Програмата на Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации во Женева-Швајцарска Конфедерација. На маргините од Сесијата, министерот Спасовски ќе оствари две билатерални средби, и тоа со Филипо Гранди, Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации, и со Антонио Виторино, Генерален директор на ИОМ (Меѓународна организација за миграција).

Министерот Спасовски ќе присуствува и на доделувањето на Наградата за бегалци ,,Нансен”- чијшто добитник оваа година е поранешната Канцеларка на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел.