МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА ЧЕТВОРИЦАТА МАКЕДОНСКИ БРАНИТЕЛИ ВО ЧИЈА ЧЕСТ БЕШЕ ОТКРИЕНО СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕ ВО БЕРОВО

0
769
Ми претставува посебна чест што сум денеска овде во Берово за заеднички да се поклониме и да овековечиме уште еден пример на херојство, со откривањето на спомен обележјето посветено на нашите македонски херои, четворица наши храбри синови, чии животи се вградени во темелите на нашава земја.

Денеска по којзнае кој пат ги споменуваме имињата на четворицата наши беровчани: Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски, кои што во не така далечната 2001 година, одејќи да ги заменат своите другари, да ја одбранат Македонија, ги положија своите животи за татковината.

Не постои поголема вредност, поголема доблест од тоа да се стави сопствениот живот на браникот на татковината, акт длабоко вткаен во опстојувањето на една држава.
Наша должност пред нив е, да го чуваме, да го негуваме и да го пренесуваме сето она што тие го оставија зад себе како наследство, и од аспект на нивните професионални, но и индивидуални доблести.
Нека им е вечна слава!
Фејсбук статус на министерот за внатршени работи, Оливер Спасовски.