Министерот за внатрешни Агим Нухиу го откри ОДГОВОРНИОТ ЗА КРВТА КОЈА ПАДНА ВО СОБРАНИЕТО : МИТКО ЧАВКОВ беше ШЕФ НА ОПЕРАТИВНИОТ ШТАБ и не ми беше достапен!

0
1646

Министерот за внатрешни работи Агим Нухуи на денешната прес конференција соопшти дека раководителот на Оперативниот штаб формиран од почетокот на протестите, директорот за јавна безбедност Митко Чавков од 20 часот не бил достапен за него. Тој рече дека заради ова ќе се бара одговорност од сите раководни лица во МВР бидејќи полицијата вчера не ја завршила својата работа.

– Сакам да потенцирам  дека за жал е очигледно дека во структурите на МВР политичкото влијание има голема улога. Што е за секаква осуда. Дел од вработените во МВР наместо да ги почитуваат законите и да ги извршуваат своите работни обврски, постапуваат по наредби на политичките центрр, што е за најсилна осуда и мора да биде санкционирано. Внатрешната контрола е вклуена и ќе барам одговорност од сите што не постапија соодветно на законските овластувања, против членови и раководството на Оперативниот штаб. МВР е институција која мора да го гарантира јавниот ред и мир, а не да биде под влијание на политички субјекти кои сакаат да ја злоуптребат за свои цели, рече Нухиу.

Тој најави дека сите што биле дел од незаконските постапки ќе одговараат  за своите постапки, а че сносат одговорност и раководни лица МВР кои се директно одговорни за вчерашните настани и за тоа што полицијата не ја заврши својата работа.

-Згрозен сум и од постапката на дел од протестантите кои подолг период не им дозволуваа на возилата на итна помош да влзата во Собранието и да укажат помош, рече Нухиу.

Тој на крајот рече дека  ќе побара негово повлекување од функцијата како морална одговорност бидејќи како што рече во изминативе 4 месеци не успеал да го тргне влијанието на политиката од структурите на МВР.

Извор : НоваТВ