Министерот Бојан Маричиќ се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ Клеменс Која

0
820

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

На средбата, министерот за правда Бојан Маричиќ истакна дека вистински предизвик претставува успешната имплементација на Стратегијата за реформи за правосудството и отворањето на Поглавје 23 – Правосудство и човекови права.

Воедно, на средбата се дискутираше и околу зајакнувањето на одговорноста на судиите и обвинителите и најавениот ЕУ мониторинг на судските случаи од висок профил.

Министерот Маричиќ се заблагодари за досегашната поддршка на Мисијата на ОБСЕ во клучните реформски области и експертската поддршка во изработката на Законот за кривична постапка, Кривичниот законик, Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела сторени со насилство, а секако и Изборниот законик.

Маричиќ истакна дека поддршката од Мисијата на ОБСЕ ја унапредува заштитата на човековите права во Северна Македонија, а со тоа и ја доближува во исполнувањето на европските стандарди.