МИЛЕ ВО ПОСЕТА НА ПРИЛЕПСКИТЕ СЕЛА ЧЕТИРИ СААТИ ЗБОРУВАШЕ ЗА ТОА ШТО СЕ НАПРАВИЛ СДСМ ЗА ТРИ ГОДИНИ ВЛАСТ

0
811

Сето она што го ветивме и го договоривме со жителите од населените места, го реализиравме. Кога се работи чесно, одговорно и домаќински има пари за да се реализира се’ што ќе се вети.

Во изминатиот период се случи вистинска градежна офанзиваа. Во Прилеп и населените места, асфалтиравме патишта и улици во должина од 25 километри во вкупна вредност од 1 милион евра.

Наспроти заканите од ВМРО-ДПМНЕ дека ние ќе ги укинеме субвенциите за тутунот, СДСМ не само што не ги укина туку и ги зголеми.Воведовме субвенции од 80 денари за прва, 70 денари за втора и 60 денари за трета класа, со кои изминатите 3 откупни реколти е остварена највисока просечна откупна цена на тутунот.

 Воведуваме бесплатна „зелена“ нафта до 2024 за сите земјоделци.

Го асфалтиравме патот од Кадино село до Галичани во должина од 3,5 километри.

Во завршна фаза е реализацијата на изработката на урбанистички планови за 30 населени места, со кои создаваме претпоставки за идни значајни инфратсруктурни проекти во овие населени места.

Продолжуваме по вистинскиот пат. Се посветуваме на економијата, за зголемена минимална плата на 20.000 денари, повисоки субвенции, повисоки пензии, поголеми плати во образованието, здравството и другите дејности.

Заедно со граѓаните #Можеме уште повеќе и уште подобро.