Милески: Советници да се бираат на отворени листи, нема да одат за паушалот

0
763

Ние строго инсистираме да се отворат листите за локалните избори, така ќе ја демократизираме локалната политичката сцена и туку во локалните совети ќе ставиме луѓе кои пред се ќе им одговараат на граѓаните, а не на политичките партии, вели министерот за локална самоуправа и лидер на ЛДП Горан Милески.

-И ќе ставиме квалитетни луѓе, кои ќе си ја работат работата, а нема да одат за паушалот, туку ќе одат луѓе кои имаат авторитет во средината во која живеат и ќе се борат за правата на една група, како невладин сектор, женски организации, лица со посебни потреби, пензионерски здруженија, еколошки здруженија. Тоа е добивката од која ние не смееме да избегаме – нагласи Милевски на ТВ Телма.