Милески: На Никола Груевски не му бега „Шутка“

0
1241

Горан Милески, лидерот на ЛДП, на вачерашниот митинг на опозицијата во Кавадарци рече дека на 11 декември ово град на 11 декември ќе му каже „не“ на ВМРО-ДПМНЕ и на Панчо Минов.

– Зарем Минов имаш лице да бидеш кандидат на власта? На Никола Груевски не му бега „Шутка“. Ги одбројуваме деновите кога ќе почнеме да живееме слободно. Ги посетивме сите села и градови. Народот не е задоволен, тешко се живее, нема работа, нема пари. Младите бегаат во странство. Ние нудиме план за живот во Македонија. Законот ќе важи за сите, со нула толеранција за криминалот. Власта шири омраза и навредува. Нудат реторика од 19 век. Празни се и без идеи. Знаат дека ќе одговараат за сите злодела. Доста ни е од африканскиот стандарт, сакаме европски норми и плати. Да се укинат големите казни кон народот. Сакаме чист воздух, сакаме соживот. Затоа цела Македонија ќе гласа за бројот 4 на изборните листи – рече Милески.