МИЛЕНКО СЕ ПОЖАЛИ : Откако падна ВМРО од власт, немам пари да платам авионски карти на гости од странство!

0
996

– За жал немаме пари да плаќаме авионски карти на наши гости, па Бобан Нонковиќ нема да биде првиот гостин во новата сезона, ќе чекаме да дојде сам во Скопје па тогаш ќе направиме интервју.

Миленко се пожали во својата нова емисија од новата сезона. Заврши времето кога Миленко можеше да донесе не еден туку една банда гости од странство и да им плати авионски карти, хотелски престој и хонорар за учество во неговата емисија.

Исто така тој емисиите ги снимаше во големото студио на Томато, со армија камермани тонци и кранови, имаше многу гости и секој од нив беше платен по 200е од емисија, што значи неговата емисија годишно имаше буџет од преку 100 000е за трошоци.

Но ВМРО ДПМНЕ падна од власт и сето тоа ојде у мајчину! Сега ќе мора да снима во шупи со 1 реализатор па тонот му е ужас, а гостите ќе мора сам да ги најде и лично да отиде до нив со автобус.