МИЛЕНКО, ОВОЈ ПАТ НЕМА БЕГАЊЕ, ЏАБЕ СЕ ТРУДИШ!!!

0
2837

Миленко Неделковски објавил фотка и видео каде што тој е снимен на јавен простор (плоштад Македонија, фотографиј на ќерка ми, видео пред владата, мое). Фотографирањето на јавно место е слободно и никој од никого не треба да бара дозвола.
Фотографирањето во затворен простор (во домот, во дворот, во затворени објекти) е ЗАБРАНЕТО без дозвола. Од “Рамстор” веќе ми се јавија, ми потврдија дека снимањето во нивниот објект без дозвола е забрането, изразија жалење поради немилиот настан и ветија дека по налог на МВР од нивна страна ќе бидат доставени снимките од безбедносните камери на кои сигурно ќе се види кој ја снимил ќерка ми.
Според тоа, како што веќе објавив, Миленко веќе сторил кривично дело, објавуваќи неовластено снимен материјал, проследено со негов коментар од кој се гледа злоупотребата. Тужбата ќе ја добие следната недела. Не ме интересира никаква навреда и клевета, џабе се труди. Ќе го гониме КРИВИЧНО!!! Кога ќе биде фатен снимачот, тужба ќе добие и тој.

Овој пат нема бегање, Миленко!!! Твојот последен пост е уште еден доказ во прилог на тужбата. Продолжи така, те молам.

Фејсбук статус на Бранко Героски, главен и одговорен уредник на ,,Слободен Печат” и ,,Плусинфо”