МИЛЕНКО ДО МИЦКО : ДАЈ БЕ НЕ БИДИ ТАКОВ И СТАВИМЕ НА ПРАТЕНИЧКА ЛИСТА

0
1220

Во порталот Дудинка, Миленко му предлага на Мицковски да го ставел на пратеничка листа, имал јако ЦВ:

А ШТО Е БЕ СО ТЕБЕ КОЗАРУ, КУЧКАРУ, БРАДОСАН, КОСОСАН, СТОМАКЛИЈА, ХЕДОНИСТУ?

Па, прво и основно, јас не сум абдал како  Биљана Ванковска да заради лајкови си помислам дека ќе станам претседател на држава!

Исто така, не сум идиот како неа, па да менувам ставови, политички страни, изјави зависно од лукративниот (монетарен) моменат.

Сакам да помогнам на својата држава и своите сограѓани во границите на моите можности. Имам токмак дома, на пример.

Единствена “државна“ служба сум имал во СФРЈ, како новинар во РТС (сега МРТВ). Во оваа нова држава, во последниве три децении не сум имал државна работа, платен телефон, дизел за точење, функција, секретарка, шофер, потпис во кафана, бодигард(и), Управен одбор, тендер, грант, фонд за иновации, пари од зетот на Фијат, помош од обвинител(ка), плата (од Канал 5 или Алфа), донација од невладина…

Тој мој CV, мислам дека ме квалификува како апсолутно неподмитлив, некорумпиран, докажан, изджрлив и посветен патриот и граѓанина на Македонија (Цела да е). За разлика од сите 120 пратеници во сегашниот парламентарен состав.

Дека за мене, а и многумина следната 2020-та е година на “Маратонци трче последњи круг“, е повеќе од јасно.

Како ќе го истрчам… Во друга прилика.

Се надеваме Мицковски ќе го прифати овој предлог, Миленко на пратеничка листа на ВМРО ДПМНЕ, тоа е сигурен начин како ВМРО ДПМНЕ да добие корпа од ДУИ, нема шанси која било албанска партија да коалиција со партија чиј пратеник е познатиот Албанофоб Миленко Неделковски кој се прослави 10-20 години со тоа што ги нарекува Албанците племе.