МИЛЕВСКИ: ЈАС СЕ ГОРДЕАМ СО СЕ ШТО СУМ НАПРАВИЛ ЗА БИТОЛА БЕЗ ГРАМ КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА

0
710
Претпоставувам ова е стационарот на Поинаку, бидејќи кутрињата се удобно стационирани на кружниот тек.

Неповикана, а очигледно пронајдена во критиките, претседателката на Совет на Битола, објави најново коминике, во кое по незнам кој пат ги согледа виновниците за состојбите во Битола, во сите освен не во себе. Криви се од Владата, министрите, пратениците, градоначалникот, ВМРО, СДСМ, ЛДП, Левица, сите, само не и таа.
Иако и е трет мандат во Советот, а сега скоро и 6 месеци Претседател на Совет, иако е лепенка до градоначалникот на сите настани, иако дозволи поскапување на сите услуги на општината, иако дозволи Советот да работи незаконски, поради што Битола е една од ретките општини каде Министерството за труд и социјална политика ги одзеде ингеренциите на општината, во делот на градинките, иако го аминува поставувањето на капиталниот објект кутлуг на Шеталиштето, иако критикуваше за спорите реконструкции на улиците, а сега со месеци не може да реновира мост од 20 метри, за што повторно се разбира други се криви, но никогаш и самата таа, денес одлучи повторно да се огради од локалната власт и да се амнестира од нагрдувањето на Шеталиштето, за утре повторно да ја видиме сликана заедно со градоначалникот.
Кога ќе заврши мојот мандат како министер кој доаѓа од Битола, автопатот до Битола ќе биде во напредна фаза, топлификацијата на Битола во завршна фаза, зимскиот туризам, доколку успееме планината да ја вратиме назад на граѓаните, ќе биде на ниво на другите центри во државата. Дополнително Офицерскиот дом, градскиот стадион направени од локалната самоуправа останатите капитални проекти кои ги работиме како министерство за кои уште оваа година ќе има видливи резултати во Битола, ќе си го кажат своето.

На крајот ќе видиме кој направил повеќе за градот, вие со хејтање и сеење на магла и омраза помеѓу граѓаните или јас и ние кои сме дел од оваа Влада.
На градот му треба многу повеќе, но оваа Влада ќе постави камчиња во мозаикот кои 30 години никој не ги поставил во Битола.

Делата ќе си го кажат своето. Што ќе оставите вие, освен омразата која ја ширите, останува времето да покаже.

Јас познавајќи и гледајќи ги проектите кои ги припремаме за Битола знам дека ќе се гордеам на постигнатото, притоа реализирано без ниту едма дамка за криминал и корупција.
Фејсбук статус на министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.