Милевски: Многу негативни и непотребни критики има кон Владата

0
790

Премногу негативно се гледа на работите во Владата и непотребно се критикуваат надлежните институции, смета Горан Милевски од ЛДП во денешното гостување во „Студио 10“ на ТВ 24.

Според него, ништо не е спорно што се појавија фотографии како министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев, возат мотори, додека во земјава има по 30 починати од корона вирус.

„Многу негативни и непотребни критики има кон Владата. Филипче и Заев возеле мотори. А, Филипче ако беше во болница, никој немаше да почине од корона вирусот? Јавноста се буни дека во другите земји стигнале многу вакцини, а кај нас се уште сме на почетокот. Мислите дека 100 илјади вакцини се многу за една Германија. Имаше критики и за шетањето на Рашковски. Зошто Рашковски да не може да шета, која е неговата функција па да има толку критики“, прашува Милевски.