Милевски: Кавадарчани треба да се горди на Винска куќа, а со регулираното речно корито на Луда Мара им го олеснуваме животот

0
823

Кавадарци доби Регионален вински центар – Винска куќа кој ќе биде наменет за подобрување на условите за промоција на винскиот туризам во Вардарскиот плански регион, а со тоа се очекува да се зголемат посетителите од земјава но и странство.

„Кавадарчани треба да се горди на Винска куќа, во која Министерството за локална самоуправа очекува да прерасне во вистински регионален центар за промоција на вински производи и винопроизводители. Проектот чини 7.540,640 денари, така што првата фаза е комплетирана, во овој период ќе се реализира и вториот чекор поточно автентично уредување. Со тоа Кавадарци ќе добие регионален центар за едукација, обуки, работилници и организирање на настани за промоција на локални производи од Вардарскиот плански регион, истакна Горан Милевски, министер за локална самоуправа.

За овој проект Општина Кавадарци учествува со 3.096.460 денари, а Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој со 4.453.179 денари.

„Општина Кавадарци е позната по одгледувањето на винова лоза и производството на вино. Континуирано се стремиме кон унапредување и промоција на винскиот туризам. Уредувањето на овој објект е во втора фаза, поточно целокупното уредување. Кавадарци ќе добие регионален вински центар, Винска куќа кој ќе биде од локално и регионално значење“ изјави градоначалникот на Кавадарци, Јанчев.