Миланоска : Владината мерка за кратење државна плата не е популарна, но ќе му даде некој од приватен сектор да јаде леб за време кризата!

0
1343

Сакам кратко да искоментирам една од предлог мерките на СДСМ изнесена во вчерашното излагање на претседателот Зоран Заев. И за да немам зајадливи, цинични коментари после ова, НЕ МИ СЕ ЈАВИЈА ОД ПАРТИЈА ОВА ДА ГО НАПИШАМ.

Имено, читам, моите колеги сè повеќето, со чест на исклучоци, бесни што 2 месеци ќе земаат само загарантирана минимална плата.

И јас ќе земам толку.

Ич не сум среќна, тамам конечно се израдував на едно солидно покачување, и не, не е популарна мерка. И да, можеби има и побезболни решенија, да речеме богатите бизнисмени, кои правеа огромни профити до сега, да се откажат од голем дел од профотот, или не знам веќе, не сум економист, и не знам како сето ова побезболно би се решило.
Ама ќе ви кажам вака: ние имаме плата само затоа што некој остава пари во буџетот за нас. Ако не функционира стопанството, ако не сработат тие и за нас, ако не извадат за придонеси и се таму што треба да извадат, како ќе има пари во буџетот за нас?!

Знаете од каде идат нашите плати, и платите на цела гломазна администрација, така? И да, седиме дома. И не, не по наша волја, сите повеќе би сакале да не се збудалуваме меѓу 4 ѕида, ама така е како што мора да е! Ништо не работи, угостителство на нула, преполовени капацитети ако не и помалку, во скоро сите индустриски гранки, и ние не можеме 2 месеци да се стрпиме? Нема да преживееме 2 месеци, ако тоа помогне да се унормали состојбата потоа и да не крахираме како држава целосно?! Па не сме Швајцарија, сиромашна држава сме!

Не се буните кога буџетот финансира паралелки со 10 ученици, за никој да не остане без работа, нели? Кое лицемерие, брука сме, а на децата сигурно им зборувате за солидарност, хуманост, донирање, кога некој е во неволја, така? Или само декларативно, ама кога треба ние малку да покажеме на дело, одма заби покажуваме…

Е па во моментов, сите сме во иста неволја, дај да се прибереме малку, искрено, ова седењево во карантин не ни делува на арно.

Фејсбук статус на Весна Миланоска.