МЗ: ДОСЕГА СЕ АПЛИЦИРАНИ БЛИЗУ 1,5 МИЛИОНИ ВАКЦИНИ, СО ДВЕ ДОЗИ ВАКЦИНИРАНИ БЛИЗУ 700 000 ГРАЃАНИ!

0
1076

Почитувани,

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со средата и во текот на вчерашниот ден, вакцинирани се вкупно 767.652 граѓани. Прва доза вакцина во средата и во текот на вчерашниот ден примиле 3.407 граѓани, а вкупно се вакцинирале 22.581 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.435.392 дози вакцини, а ревакцинирани се 667.739 граѓани.

Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

Со почит,
Одделение за односи со јавност
Министерство за здравство