МЕРСИ ЛА ФРАНС : Франција го ратификуваше протоколот за членство во НАТО, останува уште Шпанија!

0
681

Франција го ратификуваше протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, соопшти заменикот министер за надворешни работи Андреј Жерновски.

За ратификација на протоколот за НАТО останува уште Шпанија со што земјава и формално ќе стане 30 полноправна членка на Алијансата.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, неодамна изјави дека очекува до крајот на ноември или до Лондонскиот самит да заврши ратификацијата и во Франција, а останува само ратификацијата во Шпанија, за што посочни проценки ќе можат да се направат дури откако ќе биде јасна новата влада.

„Според најавите, првата седница на шпанскиот Парламент ќе биде почетокот на декември. Секое шпекулирање сега, ќе биде само шпекулација. Многу внимателно ги следиме настаните, ја испраќаме континуирано пораката дека е многу важно за нас, но и за регионот, нашето членство да биде час поскоро“ – изјави Шекеринска.