МЕРКЕЛ СИ ГИ ПРИЗНА ГРЕШКИТЕ – ТРЕБАШЕ ПОРАНО ДА РЕАГИРАМЕ НА АГРЕСИВНОСТА НА РУСИЈА

0
659

Германија ги зголеми своите трошоци наменети за НАТО, но сѐ уште не ја достигна целта од 2 отсто – рече Меркел. Таа, сепак, не жали за нејзината поддршка за изградбата на германско-рускиот гасовод „Северен поток”.

Забрана на проектот опасно ќе ги влошеше односите со Русија – вели Меркел. Освен тоа, според неа, зависноста на Германија од рускиот гас не е само резултат на проектот за заеднички гасовод. Таа произлегува и оттаму што гасот обезбеден од Норвешка,Велика Британија и Холандија не ги задоволува германските потреби, jaви ДПА.