Медарски: Нема истражна постапка, за да има незaконски снимки

0
1291

Филип Медарски, адвокат на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за Плусинфо смета дека судијата во претходна постапка донел одлука која не е во негова надлежност.

F.Medarski-540x304

– По она што го чув во јавноста и што беше презентирано од страна на Основниот суд, според мое мислење, Судот не може да донесе такво решение според кое снимките од прислушувањето се издвојуваат како незаконски прибавени материјали, бидејќи се уште се постапува во предистражна постапка. Формално, по мои сознанија, не е отворена истражна постапка и судијата на претходна постапка не можел да донесе вакво решение – вели адвокатот Медарски, кој објаснува дека немал увид во решението на Судот.

Инаку, решението од Судот го добива Обвинителството и осомничените, а Обвинителството има рок од три дена од приемот на решението да поднесе жалба.