Мегленски, Карчески и Манчевски и без пари ќе играат за Победа

0
1406

Пред два дена новиот фудбалски прволигаш, Победа соопшти дека од идната сезона ќе биде посилен со голгетeрoт на Пелистер Дејан Цветаноси, но неочекувано им се заблагодари за досегашната соработка на капитенот Тони Мегленски и на Даниел Карчески.

Причината за ваквата одлука на раководството на Победа да се ослободи од искусните фудбалери била од финанскиски аспект, бидејќи фудбалерите имале високи финансиски барања.

Сепак денес двајцата фудбалерите плус голманот Манчевски се огласија дека заради доброто на клубот, како и заради фановите одлучиле во следната сезона да настапуваат за Победа без финансиски примања. Сега на потег е прилепскиот клуб дали ќе ги прифати овие „услови“ на тројцата фудбалери.

Извор : Гол.Мк