МЕГА ЦАР: ДАМЈАН МАНЧЕВСКИ ЗА 1000 ДЕНАРИ СИ ГО КУПИЛ ЗА СПОМЕН ЧАДОРОТ СО КОЈ ГО МЛАТЕЛЕ НА 27-МИ АПРИЛ!

0
2047

Видов лице со оружје од групата што влезе во прес-салата во Собранието на 27 април 2017, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, во својство на сведок во кривичниот суд, каде што се одржува рочиште за насилствата во Собранието.

Тој повеќе од еден час на прашања на обвинителката сведочеше како толпата влегла во прес-салата.

„Лицето со оружје се издвојуваше од другите, беше помирен, не викаше, не скандира, имаше фокусиран поглед кон Заев. Не го извади целосно оружјето, но посегнуваше по него повеќепати“, рече Манчевски.

Тој сведочеше дека насилниците фрлале со предмети, сталаци, мебел, тастарури, а подоцна со кабли се обидувале да ги фатат за да ги обесат пратениците што во тој момент биле во прес-салата..

Манчевски бил удиран и со чадор, кој, како што рече, го откупил за 1000 денари од човекот што го удирал. Манчевски раскажуваше и за заканите што тој лично ги добил за своите деца.

„Доколку системот на обезбедување беше во функција, таа група луѓе немаше да влезе“, потенцира Манчевски, кој тогаш беше пратеник во Собранието.

На денешното судско рочиште треба да сведочат и пратениците Павле Богоевски, Фросина Ременски и Илија Николовски.

По четири часа заврши испрашувањето од обвинителството и одбраната на сведокот Дамјан Манчевски на денешното рочиште за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година.

Манчевски, одговарајќи на прашања од обвинителството, кажа дека на 27 април бил во прес-салата на Собранието заедно со Зоран Заев и други пратеници кога влегла толпата, дека видел лице со оружје и оти постојано добивале закани по живот и дека ја продале државата и дека се предавници.

Сведокот иако повеќе од два и пол часа чекаше прашања од одбраната, тој одговори само на неколку, бидејќи на поголем дел од нивните прашања приговараше обвинителката дека се директни и не се однесуваат на неговиот исказ поради што не беа дозволени.

По завршување со сведочењето на Манчевски, судијката Кацарска даде еден час пауза, нагласувајќи дека за денеска е предвидено да завршат со сослушување и на останатите тројца сведоци кои се повикани. Во текот на расправата, таа на неколку пати и укажа на одбраната при поставувањето на вкрстени прашања дека со нивниот начин на поставување прашања денешното рочиште ќе трае и до доцна навечер.

На вкрстено прашање од адвокатот Дончо Наков дали видел некој друг со оружје, Манчевски кажа дека тој ден во ходникот пред прес-салата еден од обезбедувањето на колегата Оливер Спасовски употребил оружје и испукал во воздух.

Обвинетите во случајот за настаните од 27 април се теретат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие на претходното рочиште во Кривичниот суд кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.