(Видео) Хоштаплерска и незаконска продажба, спроведена од министерството на копилето Миле, на 6 деловни објекти во Прилеп – исклучувани учесници во електронското јавно наддавање

0
1760

На електронското јавно наддавање за оттуѓување на деловен простор во сопственост на Република Македонија, организирано на 23.03.2015, на кое огласени за отуѓување се 8 објекти во сопственост на Република Македонија, за кои се пријавиле 41 заинтересиран купец, се појавуваат неочекувани пречки при електронското наддавање и необични коинциденции кои фрлаат сомнеж врз исправноста на аукцијата, и покрај тоа што истата е прогласена за успешна.

Pece_Stojanoski_boulevard_izjava

Имено, непосредно пред опчетокот на самиот чин на наддавањето, најавените интересенти за купување на објектите, уредно се најавилево системот со податоци кои предходно ги добиле од Министерството за транспорт и врски, по предходно уредно поднесени документи и уплати за учество во наддавањето.

Непосредно по самиот почеток на наддавањето, учесниците биваат исфрлени од системот за наддавање со образложение дека внесле погрешна лозинка при најавата, и морале да чекаат 30 секунди за повторен обид, иако предходно најавувањето има било уредно, и немале никаков проблем при влез во системот, лозинка која патем е запамтена од пребаруваччот преку кој пристапиле, што шансите за евентуално погрешно повторно внесување на лозинката ги сведува на невозможни.

По 30 минутната забрана од системот за логирање, апликантите велат дека повторно се обиделе да се најават, и откако системот ги прифаќа, ги доставуваат своите понуди, по што повторно необјасниво им се блокира пристапот за натамошно наддавање, за по дваесетина секунди да се шокираат кога на страната за учество во наддавањето ги дочекало соопштение дека аукцијата е завршена и како единствен понудувач се појавува само еден правен субјект, фирмата Salida.

При самиот чин на лицитирање, мојот акаунт преку кој бев уредно најавен, беше тотално неупотреблив во текот на наддавањето, со што директно ми е нанесена штета и директно бев оневозможен да конкурирам за купување на деловниот простор, во кој сум под кирија повеќе од 10 години, во кој имам вложено повеќе од 100 000 евра, и повеќе од 200 000 евра во платена кирија, иако имав поднесено уредни документи, како и валидна банкарска гаранција.

Барам надлежните органи да ја ревидираат целокупната постапка и да ја поништат затоа што тврдам дека истата воопшто не беше изведена во фер услови. При поднесувањето на првата понуда кој ни беше успешно прифатена, само по дваесет секунди бевме исфрлени од системот, и блокирани за натамошно наддавање во текот на следниот половина час, со што му беше исчистен патот на другиот наддавач за да си ја заврши работата.

Записникот од лицитацијата не ни е уредно доставен на нашите e-mail адреси, со што се доведува во прашање легитимноста на целиот процес на јавното наддавање, што не е случај само кај мене, туку и кај сите што учествуваа во наддавањето. Воопшто за објектот со број 69 -Прилеп немаме никаков официјален документ кој покажува дека се одржала лицитација, и кој е исходот од истата – изјави Пеце стојаноски, сопственик на кафе барот Boulevard.

ponuda_salida

Она што фрла голем сомнеж врз целокупнот процес на лицитирање е што апсолуто истите проблеми при логирањето, наддавањето и исфрлањето од системот на сите наддавачи е тоа што овие проблеми повторно целосно идентично се појавуваат и кај друг објект, Пано маркет, каде на крајот повторно за најповолна е избрана понудата на истата фирма каkо и во првиот случај, Salida.

Според она што се случило во моментот на лицитирањето од страна на пријавените и засегнати субјекти, најверојатно станува збор за оневозможување на пристап, односно најава на самиот систем од страна на администраторот на самиот веб сајт или некој кој имал пристап и знаел точно што прави и повлекувал точно калкулирани потези во целата постапка.

Овој заклучок се темели на тоа што секој кој го пријавил истиот проблем при лицитирањето имал обезбеден пристап од различен компјутер, различна интернет конекција обезбедена од различен оператор, со што се исклучува можноста поединачен оператор да има проблем со функционирањето на страната како и што се исклучува можноста компјутерите да бидат инфицирани од вирус или некој друг софтвер кој би ја предизвикал штетата.

Станува збор за истиот проблем, но во различни околности со што се докажува влијанието на систем адаминистраторот во целата постапка. Која е веројатноста веб пребарувачот кој е произведен од Google 100 пати да ве најави на сајтот со преходно зачувана лозинка во самиот пребарувач, а на денот на лицитирањето таа лозинка биде погрешна кога вие воопшто не сте ја промениле?, а и како одбрамбен механизам на сајтот да биде поставена временска блокада од 30 минути која се активира ако ја погрешите лозинката повеќе пати, во услови кога самата лицитација трае 5 минути?

Како друг аргумент кој може веднаш да се отфрли е преоптеретеноста на сајтот бидејќи аукциите се закажани во различно време односно различен час и просечното присуство на лицитатори може да биде по претоставка во поросек по 50 па и по 100 наддавачи приклучени во системот на една лицитација кои како можна акција им е дозволено да внесат број кој е нумерички податок и е минорен во компјутерскиот свет за да предизвика било каков пад на системот.

Бројките сами по себе се смешни за преоптоварување на било каков систем, а и аргументите говорат сами по себе за опструктивноста на системот по принцип на селективност – изјави софтверскиот инжинер, кој нашата редакција го консултираше, а побара да остане анонимен.

Запрашан за став по однос на овие сомнежи за нерегуларности, директорот на Регионалната единица на АД за стопанисување со деловен простор, Михаил Еклер, се огради од секаква вмешаност во процесот на лицитирање, потенцирајќи дека првата фаза од организацијата на наддавањето која е во негова надлежност била организирана беспрекорно без ниту една поплака од сите 41 пријавени за процесот на наддавање, и дека сите уредни пријави кои стигнале до регионалната единица биле навремено и целосно доставени до Министерството за транспорт и врски, кое е целосно одговорно за организирањето на вториот дел од процесот, односно делот со електронското наддавање. Доказ за тоа е што сите 41 учесник како потврда за уредно доставената документација, добиле повратен одговор во кој се содржеле потребните податоци за најавување во системот за наддавање.

Незадоволните учесници од целиот процес на јавно наддавање кои се сомневаат и во легитимноста и исправноста на целиот процес, пробале да добијат одговори за овие проблеми на единствениот контакт кој им бил понуден за комуникација, човек по име Ивица, вработен во министерството за транспорт и врски, кој, како што им било кажано бил задолжен за одржување и непречено функционирање на системот за електронско јавно наддавање, но неговиот телефон постојано исклучен, и тој не е достапен за никаков разговор.

Во тек е поднесување на приговори за одржаното јавно наддавање, за оттуѓување на деловни објекти во сопственост на Република Македонија, а приговорите ќе можат да се достават најдоцна до утре до 15 часот во просториите на Регионалната единица на АД за стопанисување со деловен простор.

Извор : 10bez10

Здраво Рубин

Нов скандал од министерство за транспорт и врски во Прилеп. Продаден дуќан од 50 м2. за 311.000 еур. плус 18% ддв.плус 3% данок на пренос, скоро 400.000 еур. Спроти него дуќан од 86м2. кој требаше да појде најмалку 500.000 еур. се продаде за само 77.000 еур. Го купи Салида Петрол, зет на газдата на Витаминка. Наддавањето беше електронско, паднал системот на сите лицитации. Барам да останам анонимен.

Поздрав