МЕГА СКАНДАЛ : Митко Чавков ги поставил Урко и Ален Зекиров за началници во МВР!?

0
3363

Екс телохранителот на тогашниот директор на УБК – Мијалков, Ален Зекиров од министерот за внатрешни работи Митко Чавков добил решение во кое се назначува за главен инспектор во УБК во одделот за анти-тероризам. Исто како и него, решение добил и екс телохранителот на Никола Груевски, Дејан Митровски-Урко. Во одделот за анти-тероризам платата на вработените инспектори е за 45% поголема од други места т.е. Урко и Зекиров ќе земаат околу 50 000 денари (основица), а која плата пак со додатоци би изнесувала околу 1000 евра, објави проталот „Криминалиите на ВМРО-ДПМНЕ“.

Ален Зекиров и е познат на јавноста и по судската пресуда од 6 месеци која ја доби заради сообраќајната несреќа што се случи во 2009 година, во која загина 73-годишниот Симо Серафимовски. Сообраќајката се случи во Скопје на „Партизанска“, кога Зекиров на мотор удри во скопјанецот Серафимовски, додека на пешачки премин го туркал својот велосипед.

Пред неколку недели пак, Урко усмртти 22 годишно дете кај „Рампа“ – Кисела Вода, но Чавков и МВР и ден денес немаат покренато пријава за овој случај.

Дали и другите вработени во МВР треба да газат граѓани, за да добијат унапредување?

Зошто Митко Чавков молчи за овој скандал?

Извор: „Криминалиите на ВМРО-ДПМНЕ“.