МЕГА СКАНДАЛ – ЗА МОЛИТВА НА СРЕДЕ ЕЗЕРО АРХИЕПИСКОПОТ СТЕФАН СИ НАБАВИЛ ГЛИСЕР ОД 180.000 ЕВРА

0
5508

12527604_848337765286479_2006978644_n-620x400Монашкото братсво од Манастирот во Калишта од Епархијата со која раководи Поглаварот на МПЦ Г-дин Г-дин Стефан во хотелскиот комплекс „Бисер“ Струга се подновило со супер луксузен пловен објект од марката „STRIDER 8“ кој е долг 8.32 метри и има два мотори ,марка „Меркјури“ од по 150 КС. Овој пловен објект наменет за високата класа , има потрошувачка од фантастични 150 литри безоловен бензин за еден час , или околу 200 евра за еден час. Пловниот објект е паркиран на пристаништето на Хотел Бисер,а монасите земаат часови на обука од вработени од Капетанија на пристаништата на Р.М со седиште во Охрид ??!Овој пловен објект на пазарот чини фантастични 180.000 евра. Како увозник на овој пловен објект се појавува фирмата SIS TRAVEL GROUP, која има непознато седиште во Скопје ,а наводно била сопственост на бизнисменот САМСОНЕНКО?!

Редакцијата се обрати до Езерската Капетанија на пристаништна на РМ , и во разговор со Капетанот на капетанија Горан Устијановски,беше потврдена информацијата ,

На прашање дали капетанијата знае за овој пловен објект, и длаи е регистриран во регистарот,Устијаноски одговори:

-„да имаме информација за овој пловен објект,и знаеме дека истиот е во постапка на регистрација.Како увозник се јавува фирмата SIS TRAVEL GROUP, но точно не знам дали е даден само на користење на монасите , или е поклон кон МПЦ“.ќе истакне Устијановски.

На прашањето на редакцијата Охридскај, како тоа монасите управуваат пловен објект без пловидбена дозвола и нерегистриран пловен објект , Устијаноски ќе одговори:

-„Имам информација дека се управувал ,но кога ќе ги затекнеме ,соодветно ќе ги санкционираме“,истакна Устијаноски

На прашање на редакцијата на ОхридСкај, како не знаат а вработени во Капетанија ги обучуваат монасите да возат пловен објект,устијаноски ќе одговори:

-„Таква информација немам“.!!??

Како што дознаваме „возљјубените чеда во господа“ поточно Г-дин, Г-дин Стефан ,од како дознал дека Митрополитот Дебарско-Кичевски Г-дин Тимотеј поседувал пловен објект „Катамаран“ чија вредност изнесува 28000 евра , експресно изразил желба и тој да поседува пловен објект, но да биде барем 10 пати поскап и подобар од оној на Тимотеј??ИМА ЛИ КРАЈ НА АЗДИСАНОСТА НА ЦРКОВНИОТ КЛЕР??

Извор : ОХРИДСКАЈ

Во прилог мало видео од тоа како се обучуваат монасите да го возат ова чудо од глисер:

Sacs-Strider 8 (4) Sacs-Strider 8 Sacs-Strider 8 (1) Sacs-Strider 8 (2) Sacs-Strider 8 (3)