МЕГА БОМБА – Перфидна игра на Мијалков со СВАРОВСКИ судството: Специјални судски совети ќе ги штитат функционерите од барањата за притвор на Јанева!

0
1062

Во судовите со проширена надлежност биле формирани посебни Кривични совети, најчесто составени од граѓански судии, кои ќе одлучуваат по жалби против решенијата со кои се определува притвор, пишува порталот „Сведок“.

Оваа „новина“ во судовите, според информации на „Сведок“ била направена од страна на претседателите на судовите, по „сугестија“ на луѓе од Судскиот совет и министерството за правда и треба да служат за одлучување, односно укинување на притворот кој би бил определен по барањата на специјалното јавно обвинителство.

-Откако не помина барањето за притвор во скопска единица, имаше индиции дека СЈО дел од постапките ќе ги води и пред другите судови со проширена надлежност, па да не се случи некој да заглави во притвор, одлучено е во секој суд да се формира „специјализиран“ совет од проверени судии кои ќе одлучуваат по жалба – открива извор од судството за „Сведок“.

Овие судии, кои немаат допирна точка со кривично, судат граѓанска материја или евентуално прекршоци, треба да ги ценат решенијата за притвор што ќе ги определи судија на претходна постапка или популарниот „истражен судија“.

Идејата, да се заштитат функционерите против кои СЈО би повело постапки, го минираат целиот концепт на функционирање на новиот закон за кривична постапка, за кој, ОБСЕ, американската амбасада и други донатори вложија милиони евра за обука на судии, обвинители и адвокати кои ќе работат по законот и ќе ги применуваат одредбите на новата постапка, која во целост е различна од таа која се применуваше до 2013 година.

Судиите кои сега со распореди на претседтелите на судовите ги сочинуваат овие совети, немале допирна точка со ЗКП ниту биле на обуки, но ќе носат решенија токму по тој закон.

Идејата била „ископирана“ од скопска единица, каде што во Советот што одлучуваше дали бомбите се доказ или за притворањето на Едмонд Темелко одлучуваше совет во кој претседтел на Советот беше претседтелот на Судот, што е исто така ретка пракса.

Во судовите низ републикава, претседателите се држеле по страна, не влегле во „специјалните совети“, но во нив ставиле судии избрани во последниве 10 години, кај кои можат да наметнат свој став.

Судови со проширена надлежност, пред кои може да се иницираат постапки од страна на СЈО, и во кои веќе имало, или се прават вакви совети се: судовите во Велес, Струмица, Штип, Куманово, Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Тетово, Гостивар и Кочани, пишува „Сведок“.