МЕГА БОМБА НА ПОРТАЛОТ КАПИТАЛ : СУГАРЕСКИ И КИТАНОВ ЈА СТАРТУВААТ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-БЛАЦЕ СО КОЈ МАКЕДОНЦИТЕ ЗА 45 МИНУТИ ЌЕ СТИГНУВААТ ДО ПРИШТИНА!

0
1344

Следниот месец ќе биде објавен тендер за изградба на првата делница од автопатот Скопје-Блаце, а градежните работи се очекува да стартуваат во вториот квартал годинава, објавија денеска на прес-конференција вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за транспорт Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.

Со изградбата на автопатот во должина од 12,5 километри во вредност од 110 милиони евра, се очекува патувањето меѓу Приштина и Скопје да се скрати од сегашните два часа на 45 минути.

Вицепремиерот Османи истакна дека станува збор за стратешки проект за Македонија  и оти Косово е најевтиниот и најсоодветниот извозен пазар за државава.

”Годишната трговска размена со Косово е околу половина милијарда евра при што Македонија има значителен суфицит. Затоа е многу важно да имаме автопат за да може нашите трговци да испорачуваат стока во Косово, рече Османи, според кого проектот е од важно регионално значење како дел од агендата за поврзување во рамки на Берлинскиот процес.

За првата делница во должина од 1,9 километри до 20 јануари треба да заврши целосното проектирање, по што ќе следи објавување тендер. Првата делница од автопатот треба да биде завршен до крајот на годината. Паралелно со активностите за првата фаза ќе се работи на препроектирање на втората фаза од клучка Блаце до клучката Стенковец во Скопје во должина од 10,5 километри, која треба да стартува од 2020 година. За неа е предвидено да се објави тендер во првиот квартал следната година, по што во вториот квартал би почнале и градежните работи. Целосната изградба на делницата се очекува да биде завршена кон средината на 2023 година.

Повеќе за оваа објава ќе може да прочитате на порталот Капитал