МВР ја поканило Мери Николова на службен разговор

0
1057

meri_nikolova1

Синоќа околу 21 часот полицијата затропала на вратата од семејниот дом на познатата граѓанска активистка Мери Николова. Таа вели дека кога децата виделе полицајци на врата почнале да плачат, па се исплашиле дека мајка им може да биде уапсена.

– Кога ги прашав што е работата ми рекоа дека носат покана за службен разговор на кој јас треба да дојдам во полициска станица „Беко“ и тоа не во нормално време, туку во приквечерина во 18 часот. Јас сум мајка на две малолетни деца, не може полицијата да ме повикува на службен разговор навечер. Се консултирав со адвокат кој ми нагласи да си ги побарам своите граѓански права – вели Николова.Таа се сомнева дека поканата е по барање на началникот кого таа го посочи дека ја потегнал за рака на протестот завчера пред Владата. Таа и голема група граѓани успеаја да издејствуваат владина одлука за собирање потписи за Закон за амнестија на осуденици.