МВР: Шефот на „алфите“ не бил на свадба и има право да користи службено возило во Македонија

0
1597

Примислав Димовски, командант на единицата „Алфа“, не бил со службен автомобил на свадба. Во случајот, станува збор за измислен скандал, што се фабрикува во некои медиуми, дознава порталот Плусинфо.

Димовски не присуствувал на свадба на свој колега, како што тврдат некои медиуми. Тој е во онаа група полициски началници кои од безбедносни причини имаат право на постојано користење на службено возило на територијата на Република Македонија.

Командантот на „алфите“ не сака да зборува јавно за причините поради кои престојувал во Охрид со своето службено возило „шкода“.

Од МВР потврдуваат дека во случајов нема никаква злоупотреба на правилата. Наталија Спирова, началник на сектор за односи на јавноста во МВР, ни изјави дека во службата постои правилник за користење службени возила, кој на шефот на „алфите“, меѓу другите, му овозможува 24-часовно користење на служебно возило седум дена во неделата, на територијата на Република Македонија.

Примислав Димовски е поранешен боксер, неколкукратен државен првак. Меѓу колегите важи за скромен човек и посветен работник, така што навистина не се јасни причините за пласирањето на вакви измислици.