МВР СЕ СПРЕМА ДА ГИ АПСИ ВМРОВСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ КОИ ГИ ОТВОРИЛЕ ВРАТИТЕ НА СОБРАНИЕТО

0
2835

МВР ја завршило идентификацијата на седум пратеници инволвирани во отворањето на вратата на Собранието на 27-ми април. Истрагата, според соопштението на МВР е преземена по претходно барање на јавното обвинителство, а следува откако Телевизија Телма во понеделникот објави снимки од внатрешното собраниско обезбедување од кои произлегува сомнеж дека седум пратеници на ВМРО-ДПМНЕ директно или индиректно се инволвирани во отворањето на собраниската врата, со што беше овозможено толпата демонстранти да влезе во законодавниот дом.

„СВР Скопје, исто така, до Основното јавно обвинителство Скопје достави и две Известувања од кои едното се однесува за превземени мерки и активности во врска со Наредба за утврдење на целосни лични податоци за вкупно седум лица – пратеници во Собранието на Република Македонија, а другото Известување се однесува за досегашни преземени мерки и дејствија“ – пишува во соопштението на МВР.

МВР и претходно имаше испратено известување до ОЈО но за двајца пратеници, за кои се претпоставуваше дека се Крсто Муковски и Сашо Василевски.

Во понеделникот Телма, во емисијата Топ Тема на Ваша страна објави снимки од внатрешното собраниско обезбедување на кои се гледа како двајца пратеници – Муковски и Василевски ја отвораат вратата, а други петмина го пренасочуваат движењето на демонстрантите.

На снимките објавени во понеделникот можеа да се забележат шест пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Освен Муковски и Василевски и Илија Димовски, Јохан Тарчуловски, Љубен Арнаудов и Жаклина Пешевска, како и пратеникот на социјалистичката партија Љупчо Димовски. Само тројца од нив одговорија на барањето на телма за коментар – негирајќи дека учествувале во отворање на вратата.

ОД МВР и натаму нема одговор дали е отворена истрага за првиот човек на Алфите – Ивица Анчевски – Пуки, кој е присутен внатре во холот во Собранието и командирот на чета на ЕБР ГОран Шоповски, идентификуван на снимките надвор во толпата која се обидува да влезе во Собранието.

Извор : Телма