МВР предлага опремата за прислушување да се пресели во Обвинителството

0
988

ljupcvo

Министерството за внатрешни работи предлага да се измени Законот за следење на комуникациите согласно препораките во извештајот на Прибе.

Директорот на управата за контраразузнавање (УБК) Љупчо Андоновски, денеска пред собраниската Комисија за контрола на УБК и на Агенцијата за разузнавање, ги објасни измените кои ги подготвила работна група во МВР и рече дека една од опциите е формирање посебен центар за следење на комуникациите, во кој претставниците од сите овластени органи ќе имаат пристап, а се препорачува да биде во рамки на Јавното обвинителство, додека опремата лоцирана во МВР, да се премести во Обвинителството, пишува „Вест“.

Инаку, првпат денеска по 10 години конечно директор на УБК дојде во Собранието и им се обрати на пратениците.