МВР потврди, Дац директорот на МНТ пијан удрил со кола во девојка

0
1118

Драган Спасовски Дац, директор на МНТ, бил во алкохолизирана состојба кога вчера вечер на улицата Антон Попов кај „Шампионче“ околу 21.20 часот со возило БМВ повредил 27-годишна девојка, потврди МВР за Плусинфо.

Повредената девојка веднаш била префрлена во болница, каде што биле констатирани лесни повреди, по што била пуштена на домашно лекување.

Откако вчера беше објавена веста за сообраќајната незгода, на социјалните мрежи се појавија реакции во кои граѓани бараат оставка од првиот човек на МНТ, кој пијан го возел својот автомобил и удрил во девојка.