МВР ПОДНЕСУВА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА КОПУК ОД КАРПОШ КОЈ ЗАРАЗИЛ НЕКОЛКУ ЛУЃЕ СО КОРОНА ОТКАКО СЕ ВРАТИЛ ОД СТРАНСТВО И НЕ САКАЛ ДА СЕДИ ДОМА!

0
1035

– Лице од Карпош со иницијали Ф.К заразило повеќе лица со Корона со тоа што не сакало да седи дома во самоизолација како лице што се враќа од ризични региони во Европа. Полицијата повеќе пати го предупредувала но тој давал лажни изјави дека не патувал во странство и продолжил да оди во својата фабрика и со свои пријатели. А знаеме дека влегол во земјава на 9-ти март на граничниот премин Табановце. На истиот ќе му поднесеме кривична пријава во ОЈО поради кршење на кривичниот законик.