МВР: Лицето Фросина Мартиновска која шири говор на омраза на социјалните мрежи не работи во МВР, истата ќе добие кривична пријава за ширење говор на омраза!

0
1694
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со надлежното обвинителство континуирано презема мерки и активности за санкционирање на ширењето на говорот на омраза на социјалните мрежи, најчесто на Фејсбук, а таков е случајот и со објавата од извесна Фросина Тина Мартиновска која деновиве е споделена на оваа социјална мрежа и по документирањето на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ја информираме јавноста и дека од извршените проверки во персоналната евиденција на МВР констатирано е дека лице Фросина Мартиновска не работи во Министерството за внатрешни работи, како што беше пренесено во дел од медиумите.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи.
Ги повикуваме сите граѓани ваквите случаи да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected]