МВР контра Весели: Лага е дека се спасени мајка и ќерка од кал во Сингелиќ

0
1501

Припадници на Министерството за внатрешни работи ги проверија сите болници во скопскиот регион, а разговараа и со надлежните од скопската Итна помош и добија информации дека во ниту една болница, ниту пак со возило на итната помош се пренесени и згрижени мајка и ќерка со потекло од Албанија, кои како што тврдеше Бесим Весели од населбата Сингелиќ дека ги нашол живи во кал и успеал да ги спаси.

– И да ги однел тој со свое возило, ако наводно било така, тогаш од болниците секогаш не известуваат за сомнителни случаи, а не пак за две жени кои четири дена биле во кал. Такви лица во ниту една болница не се згрижени, тоа ви гарантираме – велат за Плусинфо од МВР.

Весели за Алсат-М телевизија тврдеше дека мајката и нејзината четиригодишна ќерка, успеал да ги спаси, а тие биле пренесени во болница. Тој тврдеше дека ги нашол во во кал, најверојатно од голем шок и стрес не биле во состојба да зборуваат, но се претпоставува дека се од Албанија. Девојчето наводно се викало Венера, а името на мајката не му било познато.