МВР: Исмаиловиќ не ни побегна, екпресно го најдовме, ВМРО-ДПМНЕ свесно ги лаже граѓаните

0
1094

Откако од ВМРО-ДПМНЕ го обвинија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и МВР, за бегството на Агим Исмаиловиќ, обвинет во “Монструм”, од МВР реагираат дека од партијата лажат и покажале незнаење, бидејќи обвинетиот не му избега на МВР.

-Со денешното соопштение партијата ВМРО-ДПМНЕ покажува класичен политички дилетентизам и незнаење.

Трагично е што или не знаат што зборуваат или свесно ги лажат граѓаните. Вистината е сосема спротивна.

Откако МВР е известена од судот дека лицето А.И. го нема во судот, каде во тек било рочиште, МВР експресно го пронајде и спроведе за издржување на мерка притвор.

Тоа се вели ефикасност и законско постапување согласно надлежностите.

А.И. не му избегал на МВР, а соопштението на ВМРО-ДПМНЕ е целосна лага.

МВР е стожерот во борбата против незаконското постапување на било кој поединец, без разлика колку тоа на ВМРО-ДПМНЕ не им се допаѓа, правда мора да има!, се вели во рекцијата на МВР.

Инаку, денеска обвинителката Фатиме Фетаи побара притвор за Исмаиловиќ, по што тој добил дозвола од судијата да излезе од судницата, до донесување на одлуката. Обвинителката побарала тој да биде задржан, но судијата обрзложил дека нема основ за тоа.

Набрзо се вклучи алармот дека можеби Исамиловиќ избегал, по што набрзо полицијата трагаше по него и го пронајде дома.