МВР: Богоевски беше приведен оти носеше транспарент со навредлива содржина

0
1062

Министерството за внатрешни работи по девет дена испрати одговор на прашањата за Нова ТВ зошто активистот Павле Богоевски беше уапсен во близина на Камениот Мост за време на герила акција вечерта кога владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ славеше роденден.

Според МВР, Богоевски бил уапсен бидејќи со обидот да се постави платно со, како што тврдат од МВР, испишана навредлива содржина се нарушил јавниот ред и мир.

„СВР Скопје на ден 19.06.2016 година постапи согласно претходно изготвен план за физичко обезбедување на прослава по повод 26. роденден на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во Музеј на Македонската борба. За време на обезбедувањето нарушен е јавниот ред и мир со обид за поставување платно со испишана навредлива содржина на кејот од десната страна на Вардар. Притоа, од страна на СВР Скопје е интервенирано и приведено е лицето Павле Богоевски, осомничен за сторен прекршок од ЗППЈРМ, при што е воспоставен нарушениот Јавен ред и мир“, велат од МВР.

На транспарентите беше напишано: „Година по година, криминално здружение!“, „Партијата да се одвои од Гатачката!“, „Ај па и за апсаани да си дочекате!“ и „Кога славите 10 години МВРО?“.