МАЈКА ОД КОЧАНИ РОДИ МАШКО БЕБЕ, ПРВО ВО НОВАТА ГОДИНА ВО СКОПЈЕ,ДОБИЈА ПОДАРОЦИ ОД ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА

0
489

Точно во 00:01 часот, се роди првото бебе во новата 2023 година на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Бебето е машко, тежи 3 720 грама и е долго 51 сантиметар, информираат од Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

Мајка на бебето е 22-годишната Стојанка Панајотова од село Соколарци, Кочани и тоа е нејзино прво дете. Клиниката на новороденчето му посака добро здравје и среќно.
За родилката Стојанка Панајотова, Ване е прво дете.

На Стојанка и нејзиното семејство Град Скопје им посакува здравје, спокој, среќа во годините кои претстојат, заедно да се радуваат на успесите.