Мајката на носител на листа од ЛП прераспределена на друго работно место

0
1070

Мајката на Данчо Марковски, носител на листата на ЛП во Изборна единица 3, била прераспределена во Општата болница Велес од едно на друго работно место, во ек на иборна кампања иако кодексот за изборите вели дека не смее да се врши притисок врз вработените, објави Макфакс.resenie-696x5331-670x513

„Знаев дека кампањава ќе биде највалканата до сега и дека избориве ни ќе бидат кредибилни ни демократски.

Дека нели се обезбедија минимум услови за тоа. Знаев и дека ќе подлежам на притисоци и закани јас и моето семејство. Добив полна поддршка од нив затоа што сум на страната на правдата и вистината.

Уште на средбата со граѓани на Либералната партија во Велес ми стана јасно дека почнаа валканите игри, кога неколку малолетни лица дојдоа и почнаа да извикуваат ВМРО…ВМРО.

Не очекував ништо помалку, толку од вашата инвентивност. Ден потоа стига реакција од директорот на ЈЗУ Општа болница Велес, Атанас Василев, каде мојата мајка е вработена.

Прераспределена е веднаш на друго работно место со решение. Не и е прво распределување и притисок заради мене во последнава година. Жена со 30 години стаж во таа институција.

Толку од кодексот за фер и демократски избори“, вели Марковски.