МАШИНАТА ЗА ЛАЖНИ ВЕСТИ НА ВМРО СЕ ПРЕТЕРА: Се’ било лажна вест, рускиот амбасадор обзнани – не постои застој при влез на македонските камиони во Русија!

0
1512

На денешната средба меѓу министерот за земјоделие, Љупчо Николовски заедно со амбасадорот на Руската федерацицја, Сергеј Баздникин се разговараше за информациите дека извозот на македонските земјоделски производи во Русија е блокиран, по што е утврдено дека не постои никаков застој при влез на македонски камиони во Руската федерација.

Најновите информации велат дека сите компании/извозници од Северна Македонија, кои подигнале фитосанитарни сертификати со новото уставно име, без проблем ги поминале граничните премини во Русија и производите се извезле во таа земја.