МАФИЈАТА СЕ СОПНА, АФЕРАТА РЕКЕТ ИЗДИША: Ни Заев ни Рашковски не потпишале меморандум за соработка со Меѓународниот сојуз на Боки 13!

0
1290

Владата, премиерот и генералниот секретар на Владата немаат потпишано меморандум за соработка со Меѓународниот сојуз, се вели во одговорот на владиниот портпарол на прашањето на МКД.мк по изјавата на Бојан Јовановски дека било договорено да се потпише таков документ.

Уште во јули 2017 година Бојан Јовановски (Боки 13), како прв претседател на невладината организација Меѓународен сојуз, изјавил дека со премиерот Зоран Заев се договорил за соработка и директна поддршка и дека било договорено да се потпише и таков меморандум за соработка.

Оваа невладина организација е дел од мрежата во случајот „Рекет“ преку која од неколку бизнисмени биле извлечени огромни суми на пари, наводно за градење на социјални станови и пензионерски домови. За таа цел, Боки 13 потпишал меморандуми за соработка со неколку општини (Струмица, Карпош, Битола…), со Министерството за транспорт и врски (25 декември 2017), по што одел по бизнисмените и им ветувал маркици и градежни дозволи за изградба на овие домови и станови.