МАФИЈАТА ПОЧНА ДА СЕ ЈАДЕ САМАТА СЕБЕ УПЛАШЕНА ЗА ТОА ШТО ЈА ЧЕКА: Во гаража претепан Илија Тозија, ексдиректор во фирмите поврзани со Мијалков

0
2440

Триесетиедногодишниот Илија Тозија, поранешен управител во фирмите поврзани со ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, утринава во околу 02:30 часот во МВР пријавил дека бил нападнат од три лица во неговата гаража. Напаѓачите носеле маски и со тврди предмети го удирале Тозија по телото, објави А1он.

Тозија пред неколку месеци излезе од сите фирми поврзани со семејството Мијалкови.

Тозија беше член на надзорниот одбор на Државна видеолотарија, а беше предложен и за член на надзорниот одбор на Стопанска банка АД Битола, по што се повлече поради лични причини.

Во 2015 година кога синовите на Мијалков ја отворија фирмата „Бест Веј Инвестмент“, Тозија беше назначен за управител на компанијата.

Во август годинава, Тозија се повлекува од сопствеништвото на „МаксБет“, а еден месец претходно се повлекува и од „Бест Веј инвестмент“.

Во полициските кругови се шпекулира дека неговото повлекување се должи на извесни недоразбирања меѓу него и управувачките структури поврзани со фирмите на семејството Мијалкови.