Масовното прислушување е прво на листата на Народниот правобранител за прекршување на човековите права!

0
980

Масовното прислушување е прво на листата на Народниот правобранител за прекршување на човековите права и слободи во минатата година. Но не помалку важни се и полициската бруталност, бегалската криза, лошиот затворски систем, притисоците врз средношколците противзаконска наплата на радиодифузна такса и укинувањето на социјалната помош велат од канцеларијата на правобранителот. Сепак со аферата прислушувани разговори и нивното објавување под сомнеж се целиот систем кој треба да е гарант за правата на граѓаните, пренесува „Телма“.

Но речиси за сите предмети  правобранителот имал опструкции при решавањето, а институциите стануваат уште по затворени. Кризата со заштитата на правата на граѓаните се продлабочува уште повеќе откако се создаде и техничка влада. Сега веќе е очигледна злопотребата на државните институции од партиите, а особено е истакнато таму каде има по двајца министри и од СДСМ и од ВМРО.

Инаку изминатата година стигнале 5 500 преставки до правобранителот што е рекорд откако постои институцијата. Ама годинава е и рекорд по неприфатени преставки од иснтитууците до кои се обратил правобранителот.

Извор: Телма