МАРЈАН СТАМЕНОВСКИ, УРЕДНИКОТ НА ПОРТАЛОТ ,,ДОКАЗМ” СЕДНА НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА – ЈАВНОСТА ИСКЛУЧЕНА ЗА ДА НЕ СЕ ИЗНЕСУВААТ ДЕТАЛИ ОД ЛИЧНИОТ ЖИВОТ НА ОШТЕТЕНИТЕ

0
522

Во судницата се појавија шестмина оштетени сведоци, меѓу кои и двете новинарки на „Фокус“ – Валентина Вурмо и Ирена Мулачка.

Сопственикот на порталот Доказ Марјан Стаменковски денеска седна на обвинителна клупа во Кривичниот суд, каде му се суди за повеќе кривични дела.

По барање на Обвинителката Зорица Павловиќ и со одлука на судијката Марија Клетничка, јавноста беше исклучена од почетокот до крајот на главната расправа, бидејќи на неа ќе се изнесуваат лични детали од животот на оштетените.

-Предлагам судот да ја исклучи јавноста во овој предмет, се работи за кривични дела против моралот, заради заштита на приватниот живот на оштетените и сведоците бидејќи ќе се изнесуваат лични и интимни односи и ќе се изнесуваат детали од личниот и семејниот живот, рече Павловиќ.

Судот го прифати предлогот на обвинителката и ја исклучи јавноста.

Во судницата се појавија шестмина оштетени сведоци, меѓу кои и двете новинарки на „Фокус“ – Валентина Вурмо и Ирена Мулачка.

Стаменковски е обвинет за неколку кривични дела: две дела за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем и по едно уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и злоупотреба на лични податоци.

Стаменковски беше приведен на 9 февруари годинава и му беше одреден притвор, а во неговиот дом имаше претрес и беа одземени документација, мобилни телефони и други електронски уреди кои сè уште се вештачат, како и поголема сума пари.