МАРИЧИЌ : ПРОЦЕСОТ НА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА ЗНАЧИ РЕФОРМИ ДОМА И ТРЕБА ДА ГО ИСКОРИСТИМЕ НА ПРАВИЛЕН НАЧИН

0
405

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во емисијата „360 степени“ на АлсатМ изјави дека реформите не се прават заради ЕУ, туку поради граѓаните, за што Европската Унија има сериозен фонд на средства за поддршка, кои треба да покажат промени на терен.

– Не може да очекуваме дека тоа ќе се случи со одлука, туку со реформи и работа дома. Во моментот кога ќе ги почнеме преговорите со ЕУ фокусот треба да ни биде како да ги искористиме можностите што ги нуди Унијата за да се трансформираме на правилен начин“ изјави вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерот во емисијата „360 степени“ на АлсатМ говореше и за спорот со Бугарија, повторувајќи дека ќе бараат европско решение, базирано на европски вредности, без врзување за временски рамки и датуми.

– Временски рамки и датуми не носат никаков успех. Сепак, тоа не значи дека имаме бескрајно трпение за разговори. Што повеќе чекаме, тоа помалку ќе има решителност и енергија за решавање. Наша водилка во преговорите е Резолуцијата усвоена од Собранието, за која гласа сите партии и ниту едно решение нема да биде надвор од тој документ, рече Маричиќ.

„За промената на Уставот, јасно кажавме дека содржински немаме проблем која било заедница да е вградена во Уставот, но сметаме дека пред почетокот на преговорите со ЕУ тоа не е ни корисно, а ни возможно. Не сметаме дека менувањето на Уставот треба да е предуслов за почеток на преговорите, бидејќи за тоа ни треба повеќе време и градење доверба“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „360 степени“ на АлсатМ.