МАРИЧИЌ МУ ПОСАКА ДОБРЕДОЈДЕ НА МИЛАНОВИЌ ВО ОХРИД

0
559

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, го пречека претседателот на Република Хрватска г-дин Зоран Милановиќ, кој штотуку слета на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

Вицепремиерот Маричиќ му посака добредојде на нашиот голем пријател, претседателот на Република Хрватска г-дин Зоран Милановиќ и изрази големо задоволство од неговата посета и учеството на Преспа форумот за дијалог, на кој несомнено ќе даде вреден придонес во дводневните дискусии за актиелните  безбедносни, политички и економски прашања со кои денес се соочуваат Европа и Западниот Балкан.

Форумот ќе го отвори претседателот Стево Пендаровски, а на првата сесија на високо ниво според најавите ќе говорат и претседателите на Слованија Борут Пахор, на Хрватска Зоран Милановиќ, на Косово Вјоса Османи – Кадриу и претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.