МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД СЕ ПРЕПОРОДИ ПОД ЕРИК ТЕН ХАГ, ПРВ ТРОФЕЈ ОВАА СЕЗОНА, СО ПОБЕДА ОД 2-0 ЦРВЕНИТЕ ЃАВОЛИ ВРЗ ЊУКАСЛ СЕ ШАМПИОНИ ВО КАРАБАО КУПОТ

0
445

Само три дена откако ја совладаа Барселона на „Олд Трафорд“ во меч кој менаџерот Ерик Тен Хаг го нарече „најдобар досега“, Манчестер јунајтед го освои првиот трофеј од 2017 година, триумфирајќи во Карабао купот (Англискиот лига куп) по 2:0 победата над Њукасл јунајтед.

Иако се работи за најмалиот трофеј во англискиот фудбал, оптимизмот кај „ѓаволите“ сигурно ќе се почувствува со титулата, прва во Англија во менаџерската кариера на Тен Хаг, Холанѓанецот кој го трансформираше клубот по најлошата сезона во историјата на Премиерлигата во 2022/23 и неславната разделба со суперѕвездата Кристијано Роналдо. За Њукасл, пак, исто така препороден тим под Еди Хау и новите саудиски газди, останува чекањето за прв трофеј по 67 години.

„Ѓаволите“ дојдоа во водство во 33. минута преку Касемиро, бразилското засилување кое се покажа како клучен играч во тимот на Тен Хаг, за само шест минути подоцна, обидот на Маркус Рашфорд да се одбие од Свен Ботман и да го излаже Лорис Кариус, германскиот голман кој првпат играше конкурентен меч по две години по голманската криза кај Њукасл. Иако Јунајтед не доминираа до крајот на мечот, Њукасл едноставно не направи доволно да се врати во игра.